Мегафон

Унковски и Стефановски работат на продолжението на „Бушавата азбука“ – втор дел

Унковски и Стефановски работат на продолжението на „Бушавата азбука“ – втор дел

Горан  Стефановски и Слободан Унковски работат на структурата на сценариото, а оваа серија, за разлика од „Бушава азбука“ ќе биде ориентирана кон македонскиот јазик и неговата употреба и богатство, и евентуално, кон јазиците на заедниците. Се очекува текстот да биде готов до крајот на годината, а реализацијата да се случи во 2019.

Зад серијата стои „2БА продукција“ од Скопје, а развојот на сценаријата за 31 епизода по 30 минути, како спонзорства ги обезбедиле неколку фирми.

Унковски е и продуцент, а креативен продуцент е актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности Синоличка Трпкова-Меллес.