Мегафон
фудбал

УЕФА пред важна одлука: Се поизвесно е дека Европското првенство 2020 ќе се одложи?

УЕФА пред важна одлука: Се поизвесно е дека Европското првенство 2020 ќе се одложи?

УЕФА за утре со сите национални членки закажа видео конференциски состанот на кој ќе се дискутира за одржувањето на ЕУРО 2020, разврската во Лигата на Нации.

Националните фудбалски федерации, оние влијателните бараат ЕУРО 2020 да се одложи за следната година за да бидат спасени домашните фудбалски шампионати кои се во календарски хаос поради Ковид-19.

Станува извесно дек ЕУРО 2020 ќе се одложи за следната година за да се остави време да се доиграат националните првенства кои во моментов се во прекин.

Многу извесно е одложувањето и на средбата меѓу Македонија и Косово која засега ќе се игра според календарот, на 26 март пред празни трибини во Скопје.

За нашиот натпревар со Косово и за ЕУРО 2020 денот „Д“ е утре, на видео состанокот ќе се донесе одлука дали и кога ќе се играат натпреварите.