Мегафон

ТВ магазинот „Бекстејџ“ со кампања – #Бекстејџседидома: Вклучи се и ти!

ТВ магазинот „Бекстејџ“ со кампања – #Бекстејџседидома: Вклучи се и ти!

Бекстејџ стартуваше со кампањата – #Бекстејџседидома.  Имено, на официјалниот Инстаграм профил секој работен ден од 20 часот до 20 и 45 минути имате можност да ги погледнете нивните вклучувања во живо од дома.

Во рамки на нив друштво им прават познатите личности од домашната јавна сцена со кои  разговараат на интересни теми… Сите следбеници  можат активно да се вклучат и да поставуваат прашања.

Освен вклучувањата во живо, стартуваат и со #Бекстејџпредизвик каде  ги предизвикуваат нашите познати личности кои  откриваат како го минуваат времето и што прават дома и на овој начин  пробуваат да го разубават вашето секојдневие. Нивните предизвици се следните: #чистимеподома, #вежбамеподома, #готвимеподома и #сешминкамеподома…. Секако и вие можете да се вклучите во предизвикот и да ги предизвикате вашите пријатели и најблиски да го направат истото.