Мегафон

Tony Levin & Stick Men во Станица 26

Tony Levin & Stick Men  во Станица 26

Еден од најпознатите басисти на современата музичка сцена Tony Levin доаѓа во Скопје со бендот Stick Men. Покрај него членува и во King Crimson, во бендот на Peter Gabriel и како член на Levin Brothers.

Во кариерата свиреше со John Lennon, Pink Floyd, Lou Reed, Alice Cooper, James Taylor, Bill Bruford, Peter Frampton и многу други, што е доволна препорака да се биде во Станица 26 на 22ри март четврток во 21 часот. Извонредните String Forces ќе настапат како предгрупа на концертот кој се гледа еднаш, но се памети засекогаш. Влезниците се веќе пуштени во претпродажба.