Мегафон
промотивен јубилеј

Тони Шоу за 15 години кариера ќе ја промовира „Она ме вози“

Тони Шоу за 15 години кариера ќе ја промовира „Она ме вози“

По повод 15 години соло кариера под псевдонимот „Тони Шоу“, на 26 септември, среда, во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач ќе промовира нова песна и видеоспот под наслов “Она ме вози”.

Автор на музиката и стиховите е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  Валентино Скендеровски.

Спотот е изработен во сопствена режија на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, како и Стевче Грозданов.

Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.

Во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум – “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.