Мегафон
На 20 септември

„Tiger Lillies“ во МКЦ

„Tiger Lillies“ во МКЦ

Светот на The Tiger Lillies е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Во овој нов настап, бендот ќе ве однесе на патување до Devil’s Fairground, каде што чекаат
искушението и гревот. Дали ќе преживеете за да ја раскажете приказна или ќе бидете заведени од Golem?

Формирани во 1989, The Tiger Lillies остануваат еден од најуникатнте, провокативни и genre-defying бендови, кои може да ги сретнете. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел.

Песните на бендот ги покриваат сите темни аспекти на животот, од проституција и зависност од дрога до насилство и очај, секогаш инфилтрирани со допир од превртен хумор и остра иронија.

The Tiger Lillies настапувале насекаде по светот, соработувајќи со артисти од сите дисциплини: од циркуски изведувачи до Шекспир актери, експериментални танчери до авангардни фотографи и бурлески кукли на класични музички ансамбли. Освоиле Olivier награда за нивниот хит West End musical Shockheaded Peter (што ја имаат напишано и глумат во неа).

За ова посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот, номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – The Tiger Lillies ќе настапат со нивниот нов албум.