Мегафон

Театарска претстава: „Koжурец“ во МКЦ

Театарска претстава: „Koжурец“ во МКЦ

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Обработка на звук и видео: Душица Настова
Камера и фотографија: Марјан Петковски
Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска
Режија: Билјана Радиноска
Продуцент: Филип Николовски
Продукција: Артопија
Билетите се достапни преку bileti.mkc.mk
Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите.
Бројот на посетители е ограничен, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.