Мегафон
прошка или Unforgiven?

Тамара се огласи по вчерашниот скандал: „Понесена од возбуда и емоции, ненамерно изоставив дел од химната“

Тамара се огласи по вчерашниот скандал: „Понесена од возбуда и емоции, ненамерно изоставив дел од химната“

На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна.

Имено,  Тамара ја отпеја македонската химна, но го исфрли делот каде се спомнуваат „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груевм, Сандански“.

По овој скандал, Тамара се огласи на својот „Фејсбук профил“ потенцирајќи дека понесена од емоции и возбуда, ненамерно го заборавила овој дел од химната!?

Почитувани,

„Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара“ – напиша Тодевска на својот „Фејсбук“.

фото: принтскрин/фејсбук/тамаратодевска

Искрена во извинувањето или обид да се извади од бездната во која само таа знае кој вчеравечер ја турна? Како и да е, Тамара се огласи па побара прошка. Човечки е да се греши, а човечки и христијански е да се простува, но… Сомнежот е во нешто друго: „Дали навистина е во прашање ГРЕШКА или нечија, туѓа НАМЕРА“, на која пејачката наседна, па се сега се свести што направила?

Зашто ептен индикативно се поклопуваат скандалозниот гест на „бришење на Илинденците“ од стиховите на македонската химна при нејзината изведба, со обидот на политичарите,  да се избрише Гоце Делчев од македонската историја! А, за такви работи нема прошка! Unforgiven!