Мегафон
тимот се комплетира

Тамара нема да пее сама за Македонија на евровизиската сцена: Покрај Антониа Гиговска ќе ја придружува уште една вокална двојка

Тамара нема да пее сама за Македонија на евровизиската сцена: Покрај Антониа Гиговска ќе ја придружува уште една вокална двојка

Евровизискиот тим кој во мај ќе ја претставува Македонија на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив полека се комплетира. Во петокот, 15 март 2019, објавивме дека Антониа Гиговска  и годинава повторно биде дел од Евросонг, вест која и самата пејачка ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил.

Денес, понеделник 19 март 2019, од екипата на Тамара,  соопштија дека нејзина вокална поддршка покрај Антониа ќе биде уште една  македонска пејачка машко- женска двојка: Александра Јанева и Васил Гарванлиев!

Оваа информација и самата Тамара ја објави на својот Твитер профил.

Струмичанката Александра Јанева важи за еден од најдобрите женски вокали во Македонија од поновата генерација. По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, деновиве ја објави новата песна и видео  насловена „Срце отвори“.

Струмичкиот оперски пејач Васил Гарванлиев  македонската публика го памети уште како малото детенце кое ја пееше детската песна „Марионка“. Кон крајот на септември 2018 год. ја исфрли темата „Ѓердан“ и видеото за неа, моќна тема со интегриран македонски фолклор во неа.