Мегафон

Среде Грција им ја запеа „Велат не нема, ама еве сме…“: Влатко Миладиновски го крена Егејот на нозе (ВИДЕО)

Среде Грција им ја запеа „Велат не нема, ама еве сме…“:  Влатко Миладиновски го крена Егејот на нозе (ВИДЕО)

Влатко Миладиноски деновиве заедно со групата „Интермецо“, гостуваше кај нашите Македонци кои живеат во Егејскиот дел на Македонија на северот од Грција. Тој во преполната сала направи извонредна атмосфера откако го запеа неговиот голем хит “Велат не нема”.

Изненадувачки е тоа што многубројната публика, во која што имаше и голем број млади луѓе, запеаа во еден глас заедно со Влатко. И старо и младо станаа и се фатија на оро заедно да заиграат.

Македонец среде Грција им ја запеа “Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”. Каква атмосфера направи нашиот Влатко Миладиноски при неговото гостување кај нашите Македонци кои живеат во соседната земја, погледнете од видеото!