Мегафон
ех, мила... Македонијо...

Србија по лекцијата за здравство, ни држи и лекција по школство: По Балашевиќ, песни и на Бајага и „Бијело дугме“ влегуваат во училишните учебници

Србија по лекцијата за здравство, ни држи и лекција по школство: По Балашевиќ, песни и на Бајага и „Бијело дугме“ влегуваат во училишните учебници

Како што е веќе познато, три песни од Ѓорѓе Балашевиќ ќе се најдат во српските учебници за основно училиште. Според најновите информации после Балашевиќ во српските учебнци влегуваат песните на Бајага и „Бијело дугме“. Така како композиции препорачани за свирење и пеење се додадени „Буѓење раног пролљеќа“ од „Бајага и инструктори“ и „Липе цвату“ од „Бијело Дугме“.

„Пред пет-шест месеци ми се јавија за да им дадам дозвола да ја испечатат мојата песна „Буѓење раног пролеќа“ и ноти за неа во музички учебник за осмо одделение од основно училиште. Тоа не е мојата најдобра песна во кариерата, но е погодна за свирење пијано. Во песната се споменуваат скоро сите инструменти од оркестарот, тапани, виолончело, женски и машки гласови. Има врска со класичната музика, па претпоставувам дека тоа е причината. Патем, ова не е првпат некои од моите композиции да се најдат во учебниците, песната „Моји другови“ беше отпечатена минатата учебна година“, изјави Бајага.

Покрај споменатите, во српските учебници се наоѓаат и песни на: Радмила Караклајиќ, Шабан Бајрамовиќ, Звонко Богдан, бендовите „Вампири“, „Земља грува“ но и странски изведувачи како Алиша Кис и Били Ајлиш.

„Ставот на авторите на учебникот е дека училиштето треба да се приближи до децата и постојано да поттикнува дијалог и размислување за различни жанрови на музика. Сакаме децата ги запознаеме со великаните на нашата музичка сцена за кои не чуле, бидејќи не се слушаат во нивните семејства. Голем дел од песните на овие великани беа избрани во согласност со инструментите и бидејќи дрвените инструменти, како што се фагот и обоа, се изучуваат во осмо одделение, баравме адекватен пример и поради тоа се наоѓаат во учебниците“, објаснува Маја Соколовиќ – Игњашевиќ, една од четирите автори на учебниците.

Фото: ATA Images/ telegraf.rs/Инстаграм принтскрин/