Мегафон
филм

„Спомен костурница“ – Велес и „Македониумот“ во Крушево ќе ги гледаме во научно-фантастичниот филм „Празникот на хризантемите“

„Спомен костурница“ – Велес и „Македониумот“ во Крушево ќе ги гледаме во научно-фантастичниот филм „Празникот на хризантемите“

Заврши снимањето во РСМ на долгометражниот дебитантски игран филм “Празникот на хризантемите” (“Chrysanthemum day”) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Дел од сцените на филмот се снимаа во  Спомен костурница – Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.

Филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара “жена-цвеќе”, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.

На овај филм како прв од овој жанр што се снимаше во РСМ, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од ковид19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина.

Филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, РСМ,  Босна, Србија и Хрватска. “Празникот на хризантемите” е меѓународна ко-продуцкија помеѓу  Украина, РСМ, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од пост продукцијата на филмот ќе се работи во РСМ.

Останати вести од Мегафон