Мегафон

Space Motion за старт на Intermezzo Music Rituals

Space Motion за старт на Intermezzo Music Rituals

По успешното летно издание на Intermezzo Music Rituals, од овој петок следува нова тура на незаборавни забави и гостувања на врвни диџеј имиња во Intermezzo Music Bar. Стартот на зимското издание на Intermezzo Music Ritual ќе го означи Space Motion, српски диџеј и продуцент кој е активен на музичката сцена во последниве 16 години и кој секојдневно ги поместува границите за музичарите кои доаѓаат од Балканот.

Неговата музика е мешавина од посебна и уникатна енергија која ја прикажува во жанрови како дип хаус, прогресив и тех. Space Motion настапува ширум Европа, Јужна Америка и Азија. Ибица, Киев, Будимпешта, Белград, Дубаи, Хургада, Лима … клубови во Нанинг, Хонг Конг, Гуанжу, Шенжен… Листата на локации е импресивна, а истото важи и за фестивалите, па „Pepsi Sziget“, Air Nation и EXIT се само некои на кои има настапувано. Како што вели, повеќе од привилегија е да се даде личен печат на популарните композиции од 70-те и 80-те години од 20 век, филтрирани преку електронски звук што ја претставува неговата визија за иднината. Неговите теми се вртат на различни подиуми ширум светот, а листата на ѕвезди кои ја пуштаат неговата музика е предводена од Solomun, Tale of Us, Black Coffee, Adam Bayer, Magdalena, Fisher…

Токму утревечер, во склоп на зимското издание на Intermezzo Music Rituals, и Скопје ќе има можност да биде дел од светската сцена и да ужива во неговата музика. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од Intermezzo Music Rituals.