Мегафон

„Софт Машин“ во Станица 26

„Софт Машин“ во Станица 26

Легендарниот бенд “Soft Machine” кој знаедно со “Pink Floyd” ја создаде британската “underground” сцена во шеесетите години доаѓа во Скопје за ексклузивен концерт во Станица 26 на 14-ти март, среда во Станица 26 со почеток во 21 часот. Како еден од најоригиналните психоделични бендови “Soft Machine” поставија стандарди за појавата на едни од највлијателните имиња на британскиот прогресивен и џез-рок. Ова ќе биде настан кој ќе се памети!

Билетите се веќе во продажба. Ексклузивно месецов 3 Гонга нуди специален блок билет за четири концерти Stan Webb’s Chicken Shack,Scott Henderson,Soft Machine и Stick Men feat. Tony Levin, по акциска цена. Проверете…