Мегафон
концерт за поддршка

Концерт на Камерниот Оркестар на Битола и вокални солисти: „Со љубов за Битола“

Концерт на Камерниот Оркестар на Битола и вокални солисти: „Со љубов за Битола“

Вчеравечер, 10 мај 20202 год. се одржа концертот „Со љубов за Битола“ предводен од „Камерниот оркестар на Битола“ под  диригентската палка на Владимир Димовски, на кој од битолските пејачи настапија: Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Марија Митровска, Тамара Стојковска, а една нумера исполни и директорката на Центар за Кулутра, Маја Андоновска Илијевски.

Концертот беше за поддршка на борците во првите линии со Корона вирусот – нашите лекари и здравствени работници, кои изминативе месеци херојски се носат со задачата, но и за граѓаните од нашиот град.

Концертот се одржа на плоштадот Магнолија во Битола.

Извор: ПелаНет