Мегафон

Со концерт на „Архангел“ вечер почнува 22. издание на Таксират

Со концерт на „Архангел“ вечер почнува 22. издание на Таксират

Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ вечер во салата „Борис Трајковски“ почнува 22-то издание на Таксират.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот концерт.

Една недела подоцна, на 23 октомври, програмата продолжува со соло концерт на „СТРАЈК“.

Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на музичката конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН. Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26 до 28 ноември, на повеќе локации низ Скопје.