Мегафон

Скопје ЗОО со чисти езера и нови зелени катчиња

Скопје ЗОО со чисти езера и нови зелени катчиња

Изминатиот период, вработените во Зоолошката градина во Скопје секојдневно работеа на чистење на езерата, како и на уредување на нови зелени катчиња.

По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници – врби, бадеми, лешници, малини, како и повеќе видови цвеќиња.

Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш, во Зоолошката имаше рекордни 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина – Скопје, Тина Мицковска.