Мегафон
џез

Скопје Џез фестивал 2020

Скопје Џез фестивал 2020
Билетите за 39. Скопски џез фестивал (14-17 октомври) се веќе во продажба, исклучиво онлајн!
Со оглед на ограничениот капацитет од 30% предвиден за одржување на концерти во затворен простор, билетите се достапни во значително помал број од вообичаениот на www.mktickets.mk. Побрзајте! – порачуват организаторите.
Воедно, комплетирана е веб-страницата на фестивалот. Повеќе за артистите и сите останати детали за фестивалот на www.skopjejazzfest.com.mk