Мегафон

„Скопје анплагд фестивал“

„Скопје анплагд фестивал“

Британската сензација „Ноизетс“ (The Noisettes), „Нокаут“, „Ај кју“, Тони Зен и „Фулиш грин“ се дел од програмата на првото издание на акустичниот фестивал „Скопје анплагд“ (Skopje Unplugged). Уникатниот акустичен фестивал има за цел да ја збогати културно уметничката програма на градот и да го разбуди духот на сладокусците на убавата музика отсвирена во интимна атмосфера кој ќе се оддрживо петок 17 мај во 17.05 часот во „Скопје сити мол. Бидејќи не случајно се одржува во петок со почеток во 17.05 часот, организаторите фестивaлот го најавуваат и како најголемата забава после работа на зајдисонце.

Лондонскиот бенд „Ноизетс“ за првпат доаѓаат во Скопје во акустична формација, заедно со публиката да ги испеат нивните мегасветски хитови како што се Never Forget You“, „Don’t Upset The Rhythm и многу други песни кои им обезбедија врвни места на светските топ-листи и настапи на најголемите фестивали како што се „Гластонбери“ и „Коачела“.

Програмата ја збогатуваат и едни од најактивните и најактуелните македонски изведувачи – „Фулиш грин“ и Тони Зен – кои пред публиката ќе ги претстават новите албуми и најголемите нивни хитови, како и „Ај кју“,  кои по Евровизијата и настапите во странство, по подолго време конечно ќе се претстават пред домашната публика, а тука се и „Нокаут“, кои на некој начин се пионери во анплагд-настапите низ Македонија.

Билетите за ова неповторливо искуство се веќе во продажба , а бројот на влезниците е строго ограничен поради интимната природа на настанот. Побрзајте и бидете дел од најголемата забава после работа на зајдисонце!