Мегафон

Сите неработни денови во 2019: Догодина, речиси двојно повеќе продолжени викенди

Сите неработни денови во 2019: Догодина, речиси двојно повеќе продолжени викенди

Во 2019 година македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд в година ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај –  „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и  Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан Бајрам.

Неработни денови во 2019 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари (вторник), Нова година,
– 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
– 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар,
– 1 мај (среда), Ден на трудот,
– 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители,
– 4 јуни (вторник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
– 2 август (петок), Ден на Републиката,
– 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е
неработен ден,
– 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
– 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
– 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е
неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
– 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
– 26 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
– 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
– 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

– 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
– 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 11 август (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (недела), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (сабота), Ден на наставата на турски јазик.