Мегафон

„Силви бенд“ во Охрид со музичко-сценски перформанс за убавата Коштана!

„Силви бенд“ во Охрид со музичко-сценски перформанс за убавата Коштана!

Силви и Влатко Плевнеш или „Силви бенд“ уште еднаш преку музичко-сценски перформанс ќе ја раскажат приказната за убавата Коштана – вечната инспирација на сите театарски творци на Балканот.

В недела, на сцената во Долни Сарај – Охрид, брачно-музичката двојка, односно Силви во улогата на Коштана и Илија Струмеников со своите рецитали како Митке ќе не вратат во старо Врање, презентирајќи го богатиот фолклор преку автентичниот звук и носии.

„Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма, богат оркестар, многу фолклор и огромен перформанс на сцената со дваесетина луѓе“, откри Силви.

Концертот е по повод издавањето на материјалот „Песни од Коштана“, кој беше поддржан од Министерството за култура.

Извор:РадиоМК