Мегафон
Златната доба на хероите

Што можеме да очекуваме од продолжението на „Игра на тронови“?

Што можеме да очекуваме од продолжението на „Игра на тронови“?

Дејството на новата серија на Џејн Голдман и Џорџ Р. Р. Мартин ќе се случува илјадници години пред „Игра на троновите“, и нуди увид во тоа што лежи во иднината.

Ако мислите дека ноќта е темна и полна со ужаси во серијата „Игра на троновите“, само почекајте да видите што нуди претпродолжението.

Иако дејството на серијата ќе биде илјадници години пред Ланистер и Старк, тоа не значи дека овие семејства нема да бидат дел од неа.

Деталите се доста оскудни, она што малку се знае кажува што да се очекува од приказната на Голдман и Мартин.

– Ејч-би-о наведува дека серијата ќе започне со светското потекло од златната доба на хероите во најтемниот час. Ова се однесува на моментот што секој човек, жена и дете во Вестерос многу добро го знае: Долгата ноќ и Војната на зората, период на темнина и зима во кој Белите шетачи воделе војна против човештвото и Децата на шумата – ера со околности премногу слични со актуелната ситуација на „Игра на троновите“.

– „Игра на троновите“ влезе во овој период, во трауматичната епизода „Вратата“, од шестата сезона кога беше откриено дека Децата на шумата се оние што се одговорни за создавање на Белите шетачи, претворајќи човечко суштество во страшната сила позната како Ноќниот крал. Серијата на Голдман и Мартин делумно ќе се фокусира на вистинското потекло на Белите шетачи, па затоа се очекуваат и понатамошни случувања на овој фронт – вклучувајќи ја и потенцијалната приказна за самиот Ноќен крал.
zid
Фото: НВО

– Неколку фанови веруваат дека Ноќниот крал бил дел од семејството Старк, пред неговата студена судбина, доколку претпродолжението навлезе во оваа територија. Во секој случај, очекувајте некои од предците на Џон, Арија, Санса и Брен.

– Најзначајниот припадник на Старк од ерата на хероите: Брен градителот, легендарниот херој заслужен за градењето на некои од најзначајните структури на Седумте кралства, вклучувајќи го и Големиот ѕид што го дели Вестерос од тундрата каде што живеат дивјаците и Белите шетачи. Како што седмата сезона го виде падот на ѕидот, новата серија ќе го претстави подемот на ѕидот.

– И противниците на Старк ќе играат голема улога во ерата на хероите, благодарение на човекот познат како Лен паметниот. Лен бил измамник кој го украл историскиот Кастерли Рок од куќата Кастерли.

– Што со куќата Таргариен? Семејството на јавачи на змејови се искачило на врвот 300 години пред почетокот на „Игра на троновите“, кога Егон Освојувачот ги обединил Седумте кралства под негово владеење. Со оглед на временската рамка, политичката структура на Вестерос во серијата ќе изгледа поинаква од онаа што се гледа во „Игра на троновите“, додека Таргариен нема да се залага за масовна улога.

– Со тоа кажано, се споменуваат и „мистериите на Истокот“, што укажува на поблизок поглед на Валирија, пропаднатото царство. Валирија била мистериозно уништена преку ноќ.

– Ерата на хероите се случила илјадници години пред „Игра на троновите“, така што сите факти и претпоставки за овој период се должат на песни, митови и шпекулации. Помеѓу нив е и шпекулацијата за постоење сирени и голем морски змеј наречен Нага.

– Најважно, кратката содржина на Ејч-би-о, вели: „Не е приказната за која мислиме дека знаеме“. Со други зборови, сето ова горенаведено може да не се случи воопшто.

извор:факултети.мк