Мегафон
на 23 август

Шон Пол во Скопје

Шон Пол во Скопје

Јамајканскиот суперстар Шон Пол (SEAN PAUL) на 23 август ќе гостува во Скопје!

Во рамките на неговата светска турнеја,  од целот регион, Шон Пол ќе настапи само во Скопје!

Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија, а по Скопје продолжува кон Азија. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација на Fusion Production и Akasha booking во претпродажба ќе бидат пуштени од денес, и тоа по специјално намалени цени, во ограничен број преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.