Мегафон

„Се надевам на сончев ден и при залезот на сонцето“ – Последно интервју на Билјана Беличанец

„Се надевам на сончев ден и при залезот на сонцето“ – Последно интервју на Билјана Беличанец

Сѐ уште сум си најверната пријателка, велеше актерката Билјана Беличанец, најмладиот дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности. Брзаше, прескокнуваше одделенија во основно и во средно училиште, секаде иташе да стигне прва, и дипломирраше на неполни 20 години. Посакуваше голема филмска улога и велеше дека ќе биде трпелива, макар и тоа да се случи на крајот на нејзината кариера.

Лес­но е да из­ле­зеш на крај со емо­ци­и­те, ако „лич­на­та кар­та“ на ли­ко­ви­те е јас­но раз­ра­бо­те­на и де­фи­ни­ра­на уште во са­ми­от про­цес на гра­де­ње. Са­мо во та­ков слу­чај би мо­же­ло да се из­бег­не са­мо­по­вто­ру­ва­ње­то или пре­поз­на­ва­ње­то на еден лик во друг. Се­ка­ко, ка­ко што се­ко­ја прет­ста­ва се раз­ли­ку­ва ед­на од дру­га, по­ра­ди мно­гу сег­мен­ти, та­ка би тре­ба­ло да се дво­јат и са­ми­те ли­ко­ви. Се­ка­ко е по­треб­на и из­вес­на до­за на моќ и на уме­е­ње на транс­фор­ма­ци­ја. Но, кол­ку и да са­ка­ме да по­бег­не­ме од се­бе, не е воз­мож­но. Не­ка­де ќе се на­ѕир­не ја­дро­то, па ќе ме на­се­ти­те са­ма­та ме­не, велеше Алексиќ во интервју за неделникот „Република“ кое беше објавено во 2013 година.

Интервјуто во Неделникот „Република“ беше објавено по неј­зи­на­та игра во прет­ста­ва­та „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ каде што бе­ше оправ­да­но да ги со­бе­ре на­гра­ди­те за нај­до­бра жен­ска уло­га. Ду­шев­ни­от пу­стош на Са­ра Глем­бај прес­ли­кан пре­ку фе­но­ме­нал­на­та уло­га на Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ ве оста­ва без збо­ро­ви. Не­ми­нов­но, на кра­јот нај­го­ле­ми­от ап­ла­уз пуб­ли­ка­та ѝ го по­све­ту­ва ток­му на неа, на актер­ка­та што из­бег­ну­вај­ќи ги поз­на­ти­те шаб­ло­ни на игра­ње пи­јанс­тво и лу­ди­ло ус­пе­ва да нѐ вне­се во це­ла­та таа „игра“ и при­тоа за мо­мент да за­бо­ра­ви­ме де­ка сѐ е са­мо глу­ма на еден фе­но­ме­на­лен ар­тист. И ко­га ќе по­мис­ли­те де­ка го по­стиг­на­ле вр­вот во сво­ја­та ка­ри­е­ра, акте­ри­те од ран­гот на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ ти по­ка­жу­ва­ат де­ка до вр­вот има уште мно­гу. „Сто­би“ и „Охрид­ско ле­то“ имаа мож­ност да ја за­поз­на­ат Ифи­ге­ни­ја од Ма­ке­до­ни­ја, а сега таа чест ја имаат и скопските театарски обожаватели доколку ја погледнат „Ар­хе­ла­ос или Еври­пид се вра­ќа на Бал­ка­нот“. А, ова е са­мо еден дел од тоа што сле­ду­ва со енер­гич­на­та Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ.

Најм­лад дип­ло­ми­ран актер на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти. Ка­ко ус­пе­а­вте да дип­ло­ми­ра­те на 19–20 го­ди­ни?

Бе­ли­ча­нец: Дип­ло­ми­рав на ту­ку­што на­вр­ше­ни два­е­сет го­ди­ни. Нај­ве­ро­јат­но, тоа се дол­жи на мо­е­то жи­вот­но тем­по, кое е ете, од не­кои при­чи­ни, по­за­бр­за­но. Нај­ве­ро­јат­но мо­јот ли­чен пе­со­чен ча­сов­ник исте­ку­ва та­ка…

При­леп­ска­та сце­на, Ваш прв из­бор…

Бе­ли­ча­нец: Ка­ко и се­кој млад актер, полн со ен­ту­зи­ја­зам, вер­ба, си­ла, по­тре­ба за до­ка­жу­ва­ње, по­тре­ба за са­мо­по­твр­ду­ва­ње, по­тре­ба за са­мо­о­соз­на­ва­ње, по­тре­ба за ре­а­ли­зи­ра­ње, истра­жу­ва­ње, та­ка и јас, во тоа вре­ме, пред ре­чи­си де­вет­на­е­сет го­ди­ни, шан­са­та за се­бе ја ви­дов ток­му во при­леп­ски­от те­а­тар. Еден мош­не хра­бар че­кор, полн со не­из­вес­ност за тоа мо­е­то „утре“ во ко­ја на­со­ка ќе се прид­ви­жи од ту­ка на­та­му. Бла­го­да­ре­ние на топ­ли­от при­ем на та­мош­ни­от ан­самбл, прис­по­со­бу­ва­ње­то бе­ше бр­зо, не­о­сет­но.Тоа беа го­ди­ни во кои по­крај про­фе­си­ја­та, на­у­чив мно­гу и за се­бе са­ма­та. Се за­поз­нав се­бе­си и еве, сѐ уште сум си нај­вер­на­та при­ја­тел­ка.

Ко­ја е Ифи­ге­ни­ја од Ма­ке­до­ни­ја? (Ар­хе­ла­ос или Ер­ви­пид се вра­ќа на Бал­ка­нот)

Бе­ли­ча­нец: Се­ко­ја же­на, ко­ја умее да че­ка, ко­ја умее да са­ка, да меч­тае, се­ко­ја таа што е во по­тра­га по прав­ди­на­та и чес­но­ста, таа што до­че­ку­ва и ис­пра­ќа, таа што се ра­ду­ва, а дла­бо­ко во ду­ша­та та­гу­ва, таа што се на­де­ва. Таа што при­не­су­вај­ќи жр­тва се жр­тву­ва се­бе за на­век. Таа е мо­ја­та Ифи­ге­ни­ја…

„Вр­те­ле­шка“ -две пре­ми­е­ри во еден ме­сец, во две­те Вие.

Бе­ли­ча­нец: „Вр­те­ле­шка“ е ин­те­ре­сен про­ект сам по се­бе за­што има мно­гу ин­те­ре­сен кон­цепт.Тоа ќе е прет­ста­ва во ко­ја се за­бе­ле­жуваат раз­лич­ни ре­жи­сер­ски гле­ди­шта, пред сѐ, на ма­шко-жен­ски­те прин­ци­пи и на нив­ни­те ме­ѓу­себ­ни ре­ла­ции во да­де­ни си­ту­а­ции и раз­лич­ен кон­тек­ст. Раз­лич­ен при­ста­п и естет­ски ре­ше­ни­ја на пет мла­ди ре­жи­се­ри, ту­ку­што дип­ло­ми­ра­ни. Тоа е прет­ста­ва која пре­диз­ви­ка ин­те­рес, по­себ­но кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја.

Ка­ко ус­пе­ва­те да из­ле­зе­те на крај со тие раз­лич­ни емо­ции, кои тре­ба да ги при­ка­же­те на сце­на­та?

Поврзани објави
Билјана Беличанец зад себе остави две деца, причините…

Дац по смртта на Беличанец: „Имаше цврстина на маж, а…

„Се надевам дека таму горе никој нема те изневери“…

Трансродната Кејтлин Џенер загуби парче од носот

Бе­ли­ча­нец: Лес­но е да из­ле­зеш на крај со емо­ци­и­те, ако „лич­на­та кар­та“ на ли­ко­ви­те е јас­но раз­ра­бо­те­на и де­фи­ни­ра­на уште во са­ми­от про­цес на гра­де­ње. Са­мо во та­ков слу­чај би мо­же­ло да се из­бег­не са­мо­по­вто­ру­ва­ње­то или пре­поз­на­ва­ње­то на еден лик во друг. Се­ка­ко, ка­ко што се­ко­ја прет­ста­ва се раз­ли­ку­ва ед­на од дру­га, по­ра­ди мно­гу сег­мен­ти, та­ка би тре­ба­ло да се дво­јат и са­ми­те ли­ко­ви. Се­ка­ко е по­треб­на и из­вес­на до­за на моќ и на уме­е­ње на транс­фор­ма­ци­ја. Но, кол­ку и да са­ка­ме да по­бег­не­ме од се­бе, не е воз­мож­но. Не­ка­де ќе се на­ѕир­не ја­дро­то, па ќе ме на­се­ти­те са­ма­та ме­не.

„Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, прет­ста­ва за ко­ја сте на­гра­де­на. Што зна­чи за Вас на­гра­да­та на „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“?

Бе­ли­ча­нец: Пред сѐ, за ме­не мно­гу зна­чи уло­га­та на Са­ра, ко­ја ја тол­ку­вам. Се­ка­ко, са­ма­та прет­ста­ва „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, неј­зи­ни­от автор проф. Вен­ко Ан­до­нов­ски и неј­зи­ни­от ре­жи­сер Де­јан Прој­ков­ски. Ка­ко и са­ма­та актер­ска еки­па, во ко­ја на мое за­до­волс­тво имам лич­ни парт­не­ри ка­ко Де­јан Ли­лиќ, Ру­бенс, Дац… Про­цес што ќе се па­ме­ти по­ра­ди мно­гу кре­а­тив­на енер­ги­ја на иск­лу­чи­тел­но моќ­ни акте­ри, на иск­лу­чи­тел­ни лич­но­сти. И ток­му во ва­ков кон­текст, ко­га ќе ве ста­са на­гра­да за сра­бо­те­но­то, ве­ру­вај­те, за­до­волс­тво­то е огром­но. До­а­ѓа ка­ко мев­лем за си­те ра­ни.

Има­те од­би­е­но да при­ми­те ед­на на­гра­да на овој фе­сти­вал – за нај­до­бар млад актер?

Бе­ли­ча­нец: Мо­ја­та им­пул­сив­на стра­на на ка­ра­кте­рот и не­об­јас­ни­ва­та хра­брост во тоа вре­ме, што мо­же­ше да до­не­се, ако не пр­кос? Во жи­во­тов му пр­ко­сев на вре­ме­то, пр­ко­сев на про­сто­рот, сре­ди­на­та, пр­ко­сев са­ма на се­бе, зо­што не и на чи­нот- на­гра­де­на. Ја до­не­сов на сце­на Ме­де­ја, зо­што не и Ме­де­и­на од­лу­ка, ко­ја ка­ко меч со две остри­ла бев под­го­тве­на да ме ши­бне низ вре­ме­то. Тоа бе­ше ед­на од мо­и­те жи­вот­ни пре­сврт­ни­ци. Чин, кој од оваа вре­мен­ска ди­стан­ца, ако сѐ уште про­во­ци­ра да се го­во­ри за не­го, зна­чи де­ка се па­ме­ти. А, во оваа про­фе­си­ја, ко­ја е осу­де­на да е „умет­ност на ми­гот“, нај­важ­но е да си за­па­ме­тен. Еве, јас ва­ка си се прав­дам и ќе си доз­во­лам да да­дам не­кое се­ман­тич­ко зна­че­ње на од­лу­ка­та. (ха­ха­ха)

Не са­мо акте­ри­те, ве­ќе и љу­би­те­ли­те на те­а­та­рот мо­жат да прет­по­ста­ват кај кој ре­жи­сер кои актер­ски ими­ња ќе се по­ја­ват. Зо­што е тоа та­ка?

Бе­ли­ча­нец: Нај­ве­ро­јат­но таа иста­та што ва­жи се­ка­де ко­га е во пра­ша­ње ко­ле­ктив­на ра­бо­та „ти­мот што по­бе­ду­ва не се ме­ну­ва“ или „лу­ѓе­то со кои нај­лес­но се раз­би­раш,са­каш да се до те­бе, со те­бе“ или „тоа што го са­кам, оче­ку­вам, ба­рам, ќе го до­би­јам од тие што нај­до­бро ме поз­на­ва­ат, од тие што нај­до­бро ги поз­на­вам“. Прет­по­ста­ву­вам де­ка ко­га еден ре­жи­сер чи­та, раз­ра­бо­ту­ва ед­но драм­ско де­ло, уште на по­че­ток пре­поз­на­ва во реп­ли­ки­те не­кој актер во не­кој лик. Ова за ме­не е нај­о­прав­да­но­то тол­ку­ва­ње, ко­га ста­ну­ва збор за по­дел­ба. Кол­ку и да мис­ли­ме за се­бе де­ка мо­же­ме сѐ, тој од спро­ти што нѐ из­би­ра (ре­жи­се­рот) е тој што до­не­су­ва од­лу­ки кој кол­ку му е по­тре­бен. И сѐ е во име на ус­пе­хот на са­ма­та прет­ста­ва. Па, ва­ка гле­да­но, тоа и не е не­кој грев, не­ли?

Со кој ма­ке­дон­ски ре­жи­сер не би со­ра­бо­ту­ва­ле?

Бе­ли­ча­нец: Сум со­ра­бо­ту­ва­ла со по­ве­ќе­то од нив, ка­ко од таа ге­не­ра­ци­ја на ре­жи­се­ри што се ди­рект­ни вте­ме­лу­ва­чи на со­вре­ме­на­та те­а­тар­ска ма­ке­дон­ска исто­ри­ја, до но­ви­те мла­ди ре­жи­сер­ски си­ли, кои се­ри­оз­но си го за­зе­ма­ат сво­е­то ме­сто во оваа фе­ла. Се­ка­ко, сум ра­бо­те­ла со стран­ски ре­жи­се­ри, со кои, пак, е пре­диз­вик не­поз­на­то­то во са­ми­от по­че­ток. Но, има и та­кви ре­жи­се­ри, со кои сѐ уште сум не­ма­ла сре­ќа да ра­бо­там, а искре­но си по­са­ку­вам. И, ко­неч­но, се­ко­ја со­ра­бо­тка, со кој би­ло од нив, за ме­не е ка­ко ма­ла сту­ди­ја или шко­ла, од ко­ја и во ло­ши­от слу­чај се учи мно­гу. И се­пак сме­там де­ка не е тоа „ре­жи­сер“ со кој не би са­ка­ла да ра­бо­там, ама мо­же да се слу­чи, да не се сог­ла­сам со кон­цепт, иде­ја, за­да­ча…

И по ве­ќе 18 го­ди­ни на те­а­тар­ска­та сце­на, Ве не­мана филм­ско­то плат­но, ба­рем не со не­ко­ја по­го­ле­ма, глав­на уло­га. Се чи­ни нај­до­бри­те те­а­тар­ски акте­ри не­ма­ат сре­ќа на го­ле­мо­то плат­но, ба­рем не во зем­ја­ва. Ко­ја е при­чи­на­та. Вие не­ма­те жел­ба или?

Бе­ли­ча­нец: А, па не сто­јат баш та­ка ра­бо­ти­те. Јас, пак, мис­лам де­ка си­те акте­ри што се наш­ле на ма­ке­дон­ско­то филм­ско плат­но до­се­га, а по­себ­но из­ми­на­ти­ве го­ди­ни, ка­ко што беа плод­ни во ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та, се на ви­стин­ско­то ме­сто со ап­со­лу­тен ква­ли­тет. Баш ка­ко нај­до­бри­те акте­ри за за­да­чи­те што им беа да­де­ни. Са­мо, им за­бе­ле­жу­вам на две ра­бо­ти. Пр­ва­та: де­ка не се­ко­гаш се за­чу­ву­ва прин­ци­пот на из­бор, па та­ка и не се­кој од нас е во рам­но­пра­ва­на по­зи­ци­ја да до­бие мож­ност. И вто­ратa: ре­тко кој од на­ши­те филм­ски ре­жи­се­ри по­се­ту­ва те­а­тар­ски прет­ста­ви, ре­чи­си и не по­се­ту­ва! Ка­ко што е и пра­кти­ка, на по­ве­ќе­то те­а­тар­ски ре­жи­се­ри, кои ме­ѓу се­бе не си ги гле­да­ат прет­ста­ви­те. А, за жал, ту­ка најм­но­гу гу­бат акте­ри­те. Прет­ста­ви­те, се нај­вер­на­та мож­ност за не­кој да би­де ви­ден, до ка­де ста­сал, ко­ја но­ва стра­на са­ми­от актер ја отво­рил и дал од се­бе, во ко­ја кре­а­тив­на фа­за е, кол­ку е под­ло­жен на транс­фор­ма­ции, ка­ко фи­зич­ки, та­ка и емо­тив­ни. Да, те­а­тар­ска­та сце­на е ка­ко го­лем сад со раз­но­вид­но овош­је, кои не­кои од­би­ва­ат ду­ри и да го ви­дат, а не, пак, да нѐ вку­сат. Зна­чи, да­ле­ку сум јас од таа по­зи­ци­ја да од­би­вам или да не­мам жел­ба, ту­ку, на­про­тив, до се­га во­оп­што не ми се ука­жа­ла мож­ност. Но, на­деж­та по­стои де­ка и јас ќе имам се­ре­ќа еден сон­чев ден, па ду­ри и да е на за­ле­зот мој.

Ќе оди ли Лу­ка по стап­ки­те на ма­ма? Ве­ќе ра­бо­те­ше на на­тсин­хро­ни­за­ци­ја. Што би бил Ва­ши­от со­вет до­кол­ку изра­зи жел­ба да сту­ди­ра актер­ска игра.

Бе­ли­ча­нец: При­каз­на­та на син ми Лу­ка да зап­ли­ва во оваа во­да е со­се­ма слу­чај­на. И тој на­и­вен при­стап, без да­ва­ње на не­ко­ја по­себ­на те­жи­на на се­та ре­ак­ци­ја што се пре­диз­ви­ка од тоа што го сра­бо­ти, за што тој и не е све­сен, а тоа е до­бро, ќе се оби­дам кол­ку што мо­жам да го за­др­жам, одол­жам. Се­пак е де­те, кое, пред сѐ, са­мо­то тре­ба да си да­де сло­бо­да на из­бор уште на мно­гу, мно­гу за не­го не­поз­на­ти по­ли­ња ка­де што би мо­жел да се про­нај­де и ре­а­ли­зи­ра са­ми­от. Да, се гор­де­ам со не­го и со сра­бо­те­но, сло­бод­но ќе ре­чам и не­ма да пре­те­рам де­ка е пан­дан на си­те нас про­фе­си­о­нал­ни­те акте­ри. Тие што ви­стин­ски ме поз­на­ва­ат зна­ат де­ка, пред сѐ сум мно­гу са­мо­кри­тич­на и де­ка се­ко­гаш сме­там де­ка сум мо­же­ла лич­но и мно­гу по­ве­ќе. Но, во слу­ча­јов за Лу­ка, со чи­сто ср­це и ду­ша ве­лам де­ка е до­бро сра­бо­те­но. И на крај, тоа што ова слу­чај­но се­га го стиг­на, не зна­чи де­ка утре не ќе е на­ме­рен из­бор. И јас ту­ка не гле­дам ка­ко би мо­же­ла да му за­ста­нам на па­тот и да го спре­чам. Јас не сум го до­жи­ве­а­ла тоа од мо­и­те ро­ди­те­ли, чу­му па јас да се дрз­нам. И ќе по­ма­гам со сво­јот при­мер на про­фе­си­о­нал­ност, ка­ко што ме­не мо­јот та­тко Си­мон ми бе­ше нај­до­бри­от при­мер.

извор: убавина и ѕдравје