Мегафон

Саша Ковачевиќ ќе одржи голем хуманитарен концерт во Прилеп за две дечиња

Саша Ковачевиќ ќе одржи голем хуманитарен концерт во Прилеп за две дечиња

Популарниот српски пејач и регионална поп ѕвезда Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп, за помош на две деца на кои им е потребно скапо лекување.

Ова е веројатно првпат некој музичар од регионот да организира хуманитарен концерт во Македонија. Средствата кои ќе се соберат од концертот ќе бидат наменети за две деца – Мартин Стојаноски и Дејан Најдоски.

Мартин е по потекло од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здобил со тешки телесни повреди поради кои сега се наоѓа во инвалидска количка. Средствата ќе бидат наменети за негово лекување во Москва, Русија. Дејан е мало момче од Прилеп со аутизам, а за подобрување на неговата состојба треба да замине на лекување со матични клетки на клиника во Турција.

Хуманитарниот концерт на Ковачевиќ ќе се одржи на 30-ти ноември во спортската сала „Сонце – ГА” во Прилеп, со почеток од 21 часот, а влезниците ќе се продаваат по цена од 200 денари. Музичарот го најави настанот и на својата официјална страница на Фејсбук.