Мегафон

Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021, а еве кој ќе биде наш преставник

Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021, а еве кој ќе биде наш преставник

Евросонг 2021 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот.

Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на корона криза.

Веста како изненадување организаторите ја објавија во саботата вечер, на алтернативното шоу на Евросонг Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на корона-кризата.

Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска војна со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од пандемија која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите.

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна. Веќе се потврдени 18 учесници за Евросонг 2021.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.