Мегафон

Роденденска журка со Тод ван Беркел во Intermezzo Privé!

Роденденска журка со Тод ван Беркел во Intermezzo Privé!

Австралискиот диџеј, продуцент и забавувач Тод ван Беркел е овогодинешниот подарок кој Intermezzo Privé по повод својот роденден го подготви за сите редовни посетители.

Тод е полн со живот и позитивна енергија, привлекува во својата светска интеракција и со извонредните MC вештини, неочекувани акапели и незаборавен перформанс. Неговите патишта се испреплетни и водат низ отворено море. Како резидент долги години настапува по островите низ Грција, на Бали, Тајланд, Хрватска, најпознатите дискотеки во Кина, а неодамна за прв пат беше и во Македонија. Секако, тој е постојано присутен на забавите долж австралиските брегови, особено во неговиот роден град Мелбурн.

Тод Ван Беркел беше поздравен како „opener of all openers“ на светски познатиот Far Out Beach Club во Иос, Грција, со барање да го отвори секое европско лето во текот на изминатите шест години, затоа што тој совршено го разбира јазикот на музиката, а на публиката и нуди комплетно акустично доживување, сам или како поддршка на светски познатите Vini Vici, Timmy Trumpet, Nervo, Will Sparks, Joel Fletcher, Tigerlily, Stafford Bros & Ben Nicky.

Роденденската забава на најубавото и воедно омиленото скопско кафуле е закажана в петок. Добредојдени сте на незаборавната журка со единствениот акустичен перформанс на Тод ван Беркел!