Мегафон
и втор концерт...

„Rock the opera“ во Македонската филхармонија

„Rock the opera“ во Македонската филхармонија

Поради огромниот интерес за концертот Rock the opera, кој ќе се одржи на 12 април во Македонската филхармонија, закажан е втор концерт за наредниот ден, на 13 април, исто како и првиот, со почеток во 20:30 часот.

Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

На концертот ќе бидат изведени најлегендарните рок-песни и најдобрите звуци испреплетени во одлично искуство.

Најпопуларните песни од настапите вклучуваат: Pink Floyd – Shine On You Crazy Diamond, Comfortably Numb, Echoes, Another Brick In The Wall, Deep Purple – Highway Star, Fireball, Smoke On The Water, When A Blind Man Cries, Queen – The Show Must Go On, We Are The Champions, A Kind Of Magic, Led Zeppelin – Stairway To Heaven and Kashmir, U2 – With Or Without You and Where The Streets Have No Name.