Мегафон

Распишан конкурсот за праќање песни на „Макфест 2019“

Распишан конкурсот за праќање песни на „Макфест 2019“

Во својство на организатор на фестивалот, општина Штип деновиве го распиша конкурсот за нови композиции за претстојното 34. издание на „Макфест“, чиј покровител традиционално е Министерството за култура на РМ. Конкурсот е само почеток на подготовките за трите фестивалски вечери што ќе се одржат во првата половина на октомври, а како што најави техничкиот раководител Кирил Панајотов, се очекува да се излезе со нов концепт, како вовед за јубилејното 35. издание в година.

Наградниот фонд и годинава ќе изнесува 11.000 евра, односно пет илјади за првопласираната композиција, три илјади за второпласираната и илјада евра за третопласираната композиција, како и по петстотини евра за четирите стручни награди. Рокот за пријавување на новите композиции е до 1 април 2019 година, а сите детали се соопштени на официјалната веб-страна на фестивалот.