Мегафон

Раперот Брис убиен во престрелка

Раперот Брис убиен во престрелка

Раперот Брис, со вистинско име Кристофер Тедвел, беше убиен од истрели од огнено оружје, пренесува Метро.

Неговата смрт ја потврди полицијата во Сакраменто, каде се случи трагичниот настан.

-Еден човек добил рана опасна по живот и починал на местото на настанот. Пред пукањето дошло до судир меѓу два автомобили, за кои се верува дека се поврзани со случајот, рекле тие.

Брис неодамна објави музичко видео за својата нова песна Hammi,, а беше познат и по песните Panhandling, Sparked a Fuse и Lightning McQueen.