Мегафон

Прва македонска магионичарко-театарска претстава: „Како Хокус го пронајде Покус”

Прва македонска магионичарко-театарска претстава: „Како Хокус го пронајде Покус”

На 14 и на 15 декември година во Скопје ќе се одржи првата македонска детска магионичарско –  театарска претстава „Како Хокус го пронајде Покус”. Претставата ќе се одигра во Младински културен центар (МКЦ) во кино „Фросина“.

Главните актери во претставата се Георги Гавровски познат уште и како Гого Реквием и Мартин Јорданоски, актер во Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Инаку, Гого Реквием е професионален магионичар и претседател на НМАМ.

Тој најавува спектакл и гарантира многу забава, илузија, интеракција и едукација. Идејата за приказната на претставата како и сценариото се на Гого Реквием, а истоимената книга е во подготовка. Режијата и продукцијата е на Гого Реквием со асистенција на Јорданоски.