Мегафон
Градот на конзулите доби вински салон

Прв „Боемски вински салон“ во Битола

Прв „Боемски вински салон“ во Битола

Првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола ќе се одржи на 27 декември (четврток) во холот на Народен театар Битола со почеток од 15 часот.

Салонот има за цел презентација и промоција на  производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст.  На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион,  да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина.

На првото издание на „Боемски вински салон“  планирано е да се претстават преку 20 производители со 100 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на љубители на виното.

Организатор на салонот е конвивиумот  „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Новаци,  ЈП Водовод, Битола, Горска вода, Бабук, ЈП Пазари, Битола и Народен театар Битола, кои ни помогнаа  да ја промовираме филозофијата на Слоу Фуд преку презентација на вина од страна на малите винарници.