Мегафон
протест

„Протестирам“ со протест за протокол за семејни веселби во петок во 14:00 часот

„Протестирам“ со протест за протокол за семејни веселби во петок во 14:00 часот

Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности ( музичари, фоторафи, видеопродукции, ателјеа за венчаници, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери, фризери, модни креатори…). Забраната трае, а тие сеуште чекаат протокол за работа веќе една година.

Почеток: Петок (19.02.2021), во 14:00 часот на Бул. Александар Македонски, Автокоманда (главната раскрсница кај пожарна и Земјоделски факултет).
Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, најавија организаторите.