Мегафон

Промовиран романот првенец „Овде или во вечноста?“ од Билјана Тинтоска

Промовиран романот првенец „Овде или во вечноста?“ од Билјана Тинтоска

Ова е прв нејзин објавен роман. И е замислен и реализиран преку видувањата на двајца раскажувачи.

Делото на Тинтоска преставува нов придонес во богатото македонско  литературно  творештво во романот е забележлива силно изразената социјална проблематика, поврзана со современи животни драматични збиднувања, целосно реализирани личности, исправени пред бремето на животот, искушенијата и неволјите, подготвени за борба и за откривање на вистината.

Но, низ романот е втемелена идејата за љубовта како синоним за совршенство и бог како вечна и врвна љубов, која му дава смисла на човековото суштествување, врз основа на ортодоксните христијански ставови за неа.

Низ постапките и гледиштата на некои од ликовите, јасно се забележуваат нивните религиозни ставови, коишто се во контекст со нивните постапки. А пораката на романот и во религиозна и во световна димензија е универзална. Таа упатува на безусловна љубов. Љубовта,онаа вистинската, никогаш не умира.