Мегафон
нова платформа

„ПромоСтејџ“ ги објави имињата на своите ексклузивци: Музичко семејство од искусни и истакнати музичари

„ПромоСтејџ“ ги објави имињата на своите ексклузивци: Музичко семејство од искусни и истакнати музичари

Македонската музичка сцена деновиве ja доби првата професионална ПР агенција, специјализирана за промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на новио аудио и видео музички остварувања – „ПромоСтејџ“.

Викторија Лоба, Елена Ристеска, Антониа Гиговска, „Ај Кју“, Александар Тарабунов и „Либеро бенд“ се имињата на ексклузивците кои што веќе потпишаа договори и кои што се наоѓаат под нивна капа.

„Ова е шесторката со која што „ПромоСтејџ“ и официјално го означува стартот на својата приказна. Искрено се надеваме дека заеднички ќе успееме да дадеме придонес на домашната музичка сцена и дека македонската музика ќе ја вратиме онаму каде што беше. За старт имаме одлични имиња, талентирани, професионални и пред се искусни. Ова значи дека имаме добра подлога што е и повеќе од јасен показател дека сме на добар пат да ја оствариме нашата мисија, а тоа е повторно да се слуша македонска музика“ велат од „ПромоСтејџ“.

Инаку, „ПромоСтејџ“е комплетна специјализирана платформа која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа…