Мегафон
Нова ПР платформа за македонската музика

ПромоСтејџ – 100% премиум македонска музика

ПромоСтејџ – 100% премиум македонска музика

Македонската музичка сцена деновиве ќе ја добие првата професионална ПР агенција, специјализирана за музичка промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на новио аудио и видео музички остварувања… ПромоСтејџ е името на новата музичка платформа која ќе поддржува  македонска музика и истата ќе ја промовира на македонскиот и регионален медиумски простор.

„Македонската музика за жал е на маргините. Причини има милион, решение само едно. Не навлегуваме во тоа кој е виновен што домашната музичка сцена е во пад, но сакаме да навлеземе целосно во идејата да ја вратиме онаму каде што беше… златните 90-ти години и годините потоа… Имаме добри артисти, музичари, групи, композитори, текстописци… ни фали само пристојна стратегија и медиумски поагресивен настап… во доба на интернет, социјални медиуми, YouTube и традиционални медиуми немаме причини за кревање раце“ – велат од ПромоСтејџ.

ПромоСтејџ покрај на интернет просторот, редовно ќе ги храни со нови музички информации и традиционалните медиуми. Новинарите од печатените медиуми, радијата и телевизиите постојано ќе бидат обезбедени со најнови информации за проектите во домашната музика…  преку колегите – новинари од сите медиуми во Македонија, слушателите и гледачите ќе можат во секое време да бидат информирани што се случува во музичкиот простор кај нас.. за прв пат кај нас ќе се изработуваат и специјални стратегии за настап на музичкиот пазар на веќе оформени музички имиња, а ќе се даде простор и шанса на нови надежи…

ПромоСтејџ ќе биде комплетна специјализирана музичка ПР агенција која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни музички категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа… првите музички проекти се веќе во подготовка.. следуваат нови информации наскоро…