Мегафон

Промоција на маркираните планинско – велосипедски патеки на Попова Шапка

Промоција на маркираните планинско – велосипедски патеки на Попова Шапка

Здружение „Планинарски клуб Шара Ски – Тетово“ ве поканува на официјалната промоција на маркираните крос-кантри планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка.

Промоцијата ќе се одржи на 30.11.2019 година (сабота), во комплексот „Конак“ – Попова Шапка, со почеток во 11 часот.

Проектот е значителен придонес кон подобрување на атракциско – мотивациските фактори и туристичката понуда на Попова Шапка. За медиумите обезбеден е превоз на релација Скопје – Попова Шапка – Скопје.