Мегафон
На 26.07.2019, плато пред МКЦ

Промоција на „Македонска дискографија – Винили (1958-2019) – прв том“

Промоција на „Македонска дискографија – Винили (1958-2019)  – прв том“

26.07.2019, плато пред МКЦ, 20:00 часот….ПРОМОЦИЈА на
“Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том”….

—- ете…го објавувам и датумот и местото на промоцијата…..
—-па се гледаме наскоро…….а за оние коишто сакаат да добијат бонус LP и нумериран/посветен примерок, прочитајте подолу!!!!!

ПРИЈАТЕЛИ, ПОДДРЖУВАЧИ, МУЗИЧАРИ, ПОЧИТУВАЧИ НА СОПСТВЕНАТА МУЗИЧКА ИСТОРИЈА, ЧУВАРИ НА КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО… ја очекувам вашата поддршка кон уште едно капиталното дело: “Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том”.
НОВА КНИГА = ПРЕМИЕРНА ОПСЕРВАЦИЈА НА ПОДЗАБОРАВЕНИ АРТЕФАКТИ ОД БОГАТАТА МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФСКА ИСТОРИЈА !!!!!
PRE-ORDER нарачки ќе се примаат до 21.07.2019 !!!!
Веќе од денес можете да си го обезбедите својот примерок !!!!

Цената во претпродажба:
Македонија: 2,500 денари
Странство: 40 euro + shipping
• A4 формат
• тврд повез со обвивка
• колор принт
• приближно 500 страници

Единствено во претпродажба, ќе можат да се добијат и одредени поволности/подароци кои ќе ги нема во редовната продажба.
250 примероци ќе бидат своерачно нумерирани и потпишани (по ваше барање и со посвета), и како подарок ќе следува вообичаената налепница.но и потполно НОВ компилациски LP (грамофонска плоча) – Колку гласно морам да викнам за да ме чујат? – со 12 ангажирани теми од исто толку Македонски актуелни бендови.
Специјален пакет:
– Купување на монографијата “Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том” + купување на примерок од “Македонска Рок Енциклопедија (1963 – 2018), Прв Том” (обете нумерирани, потпишани и со посвета) + бонус: CD (History of Macedonian Punk/HC Part 1 1979-2001), LP (Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?) + налепници.
Пакет: 4.000 денари + поштарина/shipping
ДОНАЦИЈА:
За купување на 5 или повеќе примероци од монографијата или 3 или повеќе “специјални пакети”, вашето име и презиме ќе бидат запишани во книгата – како ДОНАТОР.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПОДДРШКАТА!

ВРЕМЕ Е ЗА УШТЕ ЕДНО КАПИТАЛНО ДЕЛО, од планираните 10-ина книги со сличен габарит, КОЕ КАКО КРАЈНА ЦЕЛ ГО ИМА ДОКУМЕНТИРАЊЕТО НА ШТО Е МОЖНО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА ИСТОРИЈА !!!!

Име на монографијата: Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том
Издавач: Corpus Delicti Records
Приредувач на Монографијата: Тошо Филиповски
Тираж: 1000 примероци
Содржина:
Комплетно се презентирани 333 грамофонски плочи односно 250 винилни изданија (самостојни и заеднички), на Македонски артисти и бендови. ПЛУС дополнително посочувам и околу 80 винилни изданија (компилации) на кои се застапени теми/песни/траки на Македонски артисти и бендови.
Единствена можност да уживате во повеќе од 1.500 фотографии во боја (комплетни омоти на погоре споменатите грамофонски плочи (винили)), но и многу информации за самите изданија – еден дел официјални но и голем дел од нив досега непознати за јавноста.
Жанровски, монографијата ги претставува винилните изданија со rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, pop, punk, heavy metal, reggae, ska, funk, soul……….итн, музика а која ја создаваат македонски музичари и бендови.