Мегафон
евровизија 2021

Промоција на евровизиската „Here I stand“ на Васил

Промоција на евровизиската „Here I stand“ на Васил

Промоција на Евровизиската песна на Васил Гарванлиев „Here I stand“, со која ќе ја преставува македонија на годинешниот евровизиски избор, Евросонг 2021, ќе се одржи во четврток, 11-ти март, во скопскиот хотел Парк, со почеток во 12.00 часот.

Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србијe ) изминатите денови работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку заради коронапандемијата биде оневозможено присуство на македонската делегација во мај, во Ротердам.

Настапите и за Македонија и за Србија беа реализирани во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, со што двата национални сервиса ја потврдија долгогодишната соработка и пријателство.

Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од ковид 19.

Останати вести од Мегафон