Мегафон
времето денес

Променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег и засилен северен ветер

Променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег и засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови ќе бидат од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се движи од минус шест до два, а дневната од минус два до три степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со слаби врнежи од сне и засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до нула степени.

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Дел од забраните за сообраќај на тешки товарни возила кои без воведени ноќеска се укинати, дел остануваат на сила, информираат од Македонија Пат.

Снегот што врнеше сношти и ноќеска предизвика проблеми во сообраќајот, особено на планиниските превои, каде беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила.

Утрово од 06:40 часот е укината забраната на патниот правец Велес-Катланово, од 07:15 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир , а од 07:10 часот е укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила и на планинските превои Ѓавато и Буково.

Забрани за тешки товарни возила има на патот Маврово – Дебар, Дебар – Струга, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, Македонски Брод – Прилеп преку планискиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планнискиот премин Плетвар и Тетово-П.Шапка каде има забрана и за автобуси.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.