Мегафон
премиери

Проект: Театарот во креативните индустрии – дисперзирана драматика во Скопје

Проект: Театарот во креативните индустрии – дисперзирана драматика во Скопје

Ве каниме на премиера на 10 август 2020 со почеток во 19.00 часот (Фејсбук  и Јутуб), на проектот ТЕАТАРОТ ВО КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ – ДИСПЕРЗИРАНА ДРАМАТИКА ВО СКОПЈЕ:  6 кратки фрагменти за видео театар, пропратени со 6 видео драмски пичинг создадени според драмските текстови на Миа Николоска (инКВИЗиција), Миа Ефремова (Полубогови), Сашо Димоски (Змејот и неговиот бес), Лидија Митоска-Ѓорѓиеска (Саатот), Иванка Апостолова Баскар (Горчината на Петра – Интервју со Петра фон Кант).

Режијата е на Теа Беговска, Леон Ристов – актер, видео камера и монтажа – Михаило Апостолов, фотографија – Весна А. Бришкоска.

Идеата за проектот, сценариото за снимање, визуелната драматургија (избор на локациите) се на продуцентот Апостолова Баскар. Проектот е изведен на англиски јазик за поширока меѓународна видливост, проектот е фокусиран на поинаков начин на промовирање и можност за поставка на современите драмски автори од помладата генерација како и опусот на веќе етаблираните авторите кои создаваат во Македонија.

Проектот афирмира инспиративни периферни и не многу популарни и познати локации низ градот Скопје, со големи наративни, естетски и контра-естетски капацитети (Музеј Лазар Личеноски (1967), графити во центарот на Скопје, парк Писта и отворено игралиште во Ново Лисиче, Азурна фонтана во Острово-Аеродром, згради од 1949 во населба Мичурин).

Организатори, продуценти: Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Покровители: Град Скопје, Министерство за култура на  Македонија