Мегафон
приказната продолжува...

Приказната за „Јовка кумановка“ е новата преработка на „Некст тајм“

Приказната за „Јовка кумановка“ е новата преработка на „Некст тајм“

По многубројните настапи низ Македонија и турнејата низ соседна Бугарија,  Мартин и Стефан Филиповски од братското дуо „Некст Тајм“, изминатиот период работеа паралелно и на нивниот најнов музички проект.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна односно нивно музичко видување на приказната насловена „Прошета се Јовка кумановка“, која ќе имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво. Промоцијата на песната чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски и нејзината филмска визуелизација во вид на видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, ќе се одржи на 11 октомври во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

„Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!!
Очекувајте не !!!“ – напишале близнаците на својот Фејсбук профил во објавата и поканата за промоцијата на новиот проект.