Мегафон
Од 16-19 ноември:

Претстои „Златно славејче 2018“

Претстои „Златно славејче 2018“

Оваа година 48. издание на најстариот детски фестивал во Македонија, „Златно славејче 2018“ ќе се одржи на 16, 17, 18 и 19 ноември во салата на Македонската филхармонија, а сите претстави се со почеток од 11.00, 13.00 и 17.00 часот за сабота и недела.

„Ветуваме одлична забава и атмосфера со специјални ефекти“, велат организаторите. Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и во „Југотон“.