Мегафон

Концертен рокенрол викенд на отворено во Скопје

Концертен рокенрол викенд на отворено во Скопје

Овој викенд на стадионот на АРМ во Скопје, финалето за оваа концертна сезона ќе бидат три славенички музички настани чија цел е да соберат повеќе генерации, и истите да ги потсетат на духовната моќ на една исполнета музичка вечер под ѕвездите.

Концертниот викенд почнува со јубилејниот концерт на “Електрични Оргазам” во петок на 11-ти септември, по повод 40 годишнината од постоењето на бендот. Во сабота, на 12-ти септември е закажано петтото издание на фестивалот “Skopje Calling” на кој ќе настапи најдоброто од македонската музичка сцена: “Last Expedition” , “Фолтин”, “Funk Shui” и “Pluto’s Doubts”. Настапот на култните “Бајага и Инструктори” во недела на 13-ти септември ветува два и пол часовно музичко уживање со нивните хитови, овој пат во комплетно нови аранжмани, хор и оркестар, за заедничка прослава со публиката на 35 годишнината од постоењето на овој култен бенд со чија музика растеа многу генерации.

Билетите во ограничен број се сѐ уште во продажба онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Се разбира, и овие настани ќе бидат реализирани според сите протоколи за заштита од Ковид-19, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително. Од среда, 09 септември, билети ќе се продаваат и на Градскиот плоштад Македонија во Скопје.