Мегафон
манифестации

„Преспански јаболкобер 2020“ само со настап на локални артисти

„Преспански јаболкобер 2020“ само со настап на локални артисти

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи и оваа година на верскиот празник Крстовден, на 26-ти и 27-ми септември во Ресен. Програмата започнува на 26-ти септември во амфитеатарот на СОУ „Цар Самоил“ со почеток од 20.30 часот каде ќе настапат повеќе преспански солисти и групи. На 27-ми септември на овошните насади на “Свислион Агроплод“ ќе се доделуваат награди и свечено ќе се откине првото јаболко. Истиот ден од 12.30 часот на Градскиот плоштад ќе има промоција на земјоделски задруги.

„Оваа година славиме јубилеј 20 години „Преспански јаболкобер“. Со оглед на ковид кризата ќе имаме редуцирана програма, но не се откажуваме од оваа централна манифестација во Преспа која го промовира не само јаболкото, туку и природното и историско-културното наследство на овој крај. На манифестација ќе настапат локални уметници и групи и кантавтори, при што за публиката ќе бидат запазени сите здравствени мерки и препораки. Да се надеваме дека догодина помасовно како што доликува и во подобри здравени услови ќе го прославиме јаболкоберот”, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски за битолскиот портал АПЛА.