Мегафон
Во Синеплекс:

Премиера на „Јужен ветер“ и дружба со актерите

Премиера на „Јужен ветер“ и дружба со актерите

Долгоочекуваниот српски филм „Јужен ветер“ конечно ќе игра и во Скопје. Со филмот доаѓа и актерската екипа. Запознавање и дружење со екипата е од 19:00 – 20:00 часот.
Премиерното прикажување на филмот е закажано за  20:00 часот.
Билетите се веќе пуштени во продажба.

Во животот на Петар Мараш, припадник на белградската автомобилска мафија, нештата почнуваат да добиваат смисла. Го напушта родителскиот дом и со девојката Софија се вселува во својот нов стан. Кланот на кој припаѓа, а кој го води искусниот Цар(Бјелогрлиќ) работи добро. Работата е уиграна, пари има доволно за сите а полицијата не им прави никакви проблеми. Сето тоа се менува кога Мараш случајно ќе се замери со бруталниот нарко-клан.