Мегафон
театар

Премиера: „Госпоѓиците од Авињон“ на малата сцена во МНТ

Премиера: „Госпоѓиците од Авињон“ на малата сцена во МНТ

На 21 февруари на малата сцена во МНТ, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена  претставата „Госпоѓиците од Авињон“. Оваа праизведба е работена по драмскиот текст на Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов.

Со праизведбата на овој текст, Македонскиот народен театар чествува еден голем јубилеј: сто и десет години откако Пикасовата „Госпоѓиците од Авињон“ за прв пат ја виде светлината на денот и беа поставени првите постулати на Кубизмот.

Во претставата играат: Искра Ветерова, Софиа Насевска – Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.

Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, а костимограф е Тања Кокев.

Следната изведба е закажана за 22 февруари (четврток) во 20 часот, а билетите за премиерата и првата реприза се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.