Мегафон
концерти

Предновогодишна журка со Влатко Стефановски и Џибони во Скопје

Предновогодишна журка со Влатко Стефановски и Џибони во Скопје

Предновогодишна журка со Влатко Стефановски и Џибони во Скопје Гитарската легенда Влатко Стефановски со својот бенд ќе има целовечерен настап на годинешното издание на фестивалот „Ол ју нид ис лав“(All you need is love) на 23 декември во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Стефановски ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со главната ѕвезда на фестивалот, хрватскиот кантавтор Џибони со кој соработуваше на неговите албуми во Хрватска.