Мегафон
тажна вест

Познатиот македонски ди-џеј почина од коронавирус: Не напушти ДЈ Ицко од „Антена 5“

Познатиот македонски ди-џеј почина од коронавирус: Не напушти ДЈ Ицко од „Антена 5“

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. Станува збор Ристо Меловски попознат под уметничкиот прекар ДЈ Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

„Скршени од болка, во најдлабока тага и жалост Ве известуваме дека почина нашиот најдраг колега, другар и пријател Ристо Меловски – ДЈ ИЦКО.
Ице секогаш ке остане дел од нашата екипа во неизбришливи спомени.
Најдлабоко сочувство до неговата фамилија и сите негови роднини, другари, пријатели и неговата верна публика“ – пишува во соопштението од колегите и негови пријатели од „Антена 5“ радио.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Редакцијата на Вистина.ком.мк длабоко жали за прераното заминување на ДЈ Ицко и изразува искрено сочувство на семејството.