Мегафон

Познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со изведба на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со изведба на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Македонските народни песни се вечна инспирација на познатите и помалку познати светски музичари, групи, пејачи, но и оперски пејачи, па снимаат свои верзии, сакајки да ни дадат до знаење дека сепак нашата музика е една од оние за кои се вели дека се светска вредност.

Така, нашиот и надвор познат оперски пејач Благој Нацоски објави видео од еден свој драг пријател, Јапонец кој што живее во Токио, како ја изведува македонската народна песна „Македонско девојче“.

“Директно од Токио! Мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија”, објави на социјалните мрежи македонскиот оперски пејач Благој Нацоски. Тој преку видеото што го постира на Фејсбук сподели изведба на јапонскиот оперски пејач и неговата интерпретација на познатата македонска песна „Македонско девојче“ на починатиот македонски автор и пејач, Јонче Христовски.